Клучни факти за Први мај - Меѓународниот ден на трудот
СВЕТ
2 мин читање
Клучни факти за Први мај - Меѓународниот ден на трудотМеѓународниот ден на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година и големиот протест во Чикаго, САД на кој повеќе десетици илјади работници на улиците побарале подобри услови за работа и почитување на осумчасовното работно време.
Клучни факти за Први мај - Меѓународниот ден на трудот / TRT Balkan MK
1 мај 2025

Официјалното одбележување на Први Мај како Меѓународен ден на трудот има историја долга повеќе од 130 години. Во 1889 година е донесена одлука масовно да се одбележува со собири, протести и манифестации, а одлуката да биде прогласен за меѓународен празник на трудот е донесена во 1891. Во продолжение од каде потекнува идејата за одбележување на денот за зачувување на правата на работниците и кој ја има најголемата заслуга за тоа.

Протести во Чикаго

Меѓународниот ден на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година и големиот протест во Чикаго, САД на кој повеќе десетици илјади работници на улиците побарале подобри услови за работа и почитување на осумчасовното работно време. Малите дневници, работата 12 или 18 часа и експлоатирањето на детскиот труд биле главни причини за протестот.

На протестите остро се спротивставиле властите и работодавачите, а полицијата одговорила со репресивни мерки. Протестите траеле до 4 мај и се прошириле надвор од Чикаго. Протестите завршиле со жртви по жестоките судири на полицијата и демонстрантите. Загинале шест лица, педесетина демонстранти биле повредени, а многумина приведени.

Потоа петмина работнички лидери биле осудени на смрт, а тројца на затворска казна.

Улогата на Интернационалата

Три година подоцна во знак на сеќавање на протестите од Чикаго на првиот Конгрес на Втората интернационала била донесена одлука за тоа 1 Мај да се одбележува со манифестации, протести и собири. На Вториот Конгрес во 1891 година 1 Мај и официјално е прогласен за Меѓународен празник на трудот.

Како денес се одбележува државниот празник

Во текот на 19 век и почетокот на 20 век 1 Мај во се повеќе држави бил масовно прифатен како Ден на трудот. Се одбележува како државен празник со масовни протести и манифестации, но и со масовни прослави и излети наместо со демонстрации. Во некои држави неработен ден исто така е 2 мај.

Први мај и синдикалното движење во Северна Македонија

Македонското синдикално здружување и борбата за поголеми права датира од четириесетите години на двесеттиот век. Првиот конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржал во 1946 година. Сојузот на синдикати тогаш се именувал како Единствени синдикати на работниците и намештниците.

Први мај во Северна Македонија е државен празник. До 2006 година неработен ден беше и втори мај, а од 2007 година се празнува само еден ден.

ИЗВОР:TRT Balkan MK
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us