Мета лансира посебна апликација за вештачка интелигенција
Апликацијата Мета АИ вклучува Дискавер фид, место за споделување и истражување како другите ја користат ВИ, можете да ги видите најдобрите идеи што луѓето ги споделуваат или да ги ремиксирате за да ги направите ваши, соопшти компанијата
Мета лансира посебна апликација за вештачка интелигенција
Апликацијата е напојувана од моделот Ллама 4 на Мета, претставен претходно овој месец, кој се продава како поекономична опција во споредба со конкурентите како ЧетГПТ, ДипСик и Џемини / Reuters
пред 5 часа

Мета, матичната компанија на Фејсбук, соопшти дека во вторникот лансирала бесплатна самостојна апликација за вештачка интелигенција за својот асистент Мета АИ асистент, приклучувајќи се кон растечкиот бран на нови апликации за ВИ.

Самостојната апликација има за цел да го прошири досегот на Мета АИ надвор од нејзината интеграција во ВатсАп, ИНстаграм, Фејсбук и Месинџер, според компанијата.

Новата апликација испорачува поперсонализирани одговори со користење на контекстот и податоците од профилите на корисниците на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи споделени информации и ангажман на содржини.

Корисниците на очилата Реј Бан Мета можат да се вклучат во апликацијата преку очилата и да го продолжат разговорот подоцна на апликацијата. Апликацијата нуди и демо верзија на гласовен асистент со подобрени одговори при разговор, но нема интернет конекција или пристап до податоци во реално време, соопшти компанијата.

„Апликацијата Мета АИ вклучува Дискавер фид, место за споделување и истражување како другите ја користат вештачката интелигенција. Можете да ги видите најдобрите идеи што луѓето ги споделуваат или да ги ремиксирате за да ги направите ваши“, се додава во соопштението.

Апликацијата е напојувана од моделот Ллама4 на Мета , претставен претходно овој месец, кој се продава како поекономична опција во споредба со конкурентите како ЧетГПТ, ДипСик и Џемини.

Мета АИ е интегрирана во Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и ВатсАп од 2023 година, акумулирајќи речиси 600 милиони месечни корисници до декември.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us