На Интернационалниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје вчера се одржа официјалната церемонија за отворање на „ДИГИЕЈЏ“- Источно-Европскиот и Балканскиот камп за развој на видеоигри 2025.
Настанот ги обедини истакнатите гости и засегнатите страни од регионот, со воведни обраќања од ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар, генералниот директор на „Билишим Вадиси“, Еркам Түзген, и директорот на „ДИГИЕЈЏ“(DIGIAGE), Емре Јилдиз. Сите ја потенцираа растечката важност на гејминг индустријата и значењето на меѓународната соработка за поттикнување иновации и дигитално претприемништво.
Ректорот Сунар го нагласи стратешкиот фокус на ИБУ на иновациите, тимската работа и дигиталната трансформација за време на универзитетски настан оваа недела.
„Го градиме темелот на дигиталната ера,“ рече Сунар, посочувајќи го проширувањето на универзитетот во областа на технологијата и дизајнот. Моментално, ИБУ нуди шест програми по компјутерско инженерство, а до крајот на годината планира да го зголеми тој број на десет, вклучувајќи нови студии по софтверско инженерство и мрежна безбедност.
Сунар исто така го истакна социолошкото значење на соработката и конкуренцијата во образованието и институционалниот живот, додавајќи дека овој проект претставува вистинска можност за пренос на знаење.
Генералниот директор на Билишим Вадиси, Түзген, изјави: „Како „Билишим Вадиси“, сериозно ја поддржуваме гејминг индустријата. Претходно имаме организирано 9 „Дигиејџ“ кампови. Сега ја организираме првата европска програма во Северна Македонија во соработка со ИБУ. Нашата цел е да ги поврземе претприемачите во гејминг индустријата и да изградиме заеднички врски.“
Директорот на „ДИГИЕЈЏ“, Јилдиз, посочи: „Нашата цел е да ги обединиме младите кои сакаат да влезат во гејминг екосистемот или веќе се дел од него, без разлика дали бараат инвестиција или сакаат да ја објават својата игра. Овој камп што го одржуваме во Северна Македонија е десеттиот по ред на ДИГИЕЈЏ.“
Кампот е организиран во партнерство помеѓу IBU, Билишим Вадиси (Туркије) и Универзитетот Сингидунум (Србија), а оваа година собира 65 учесници од земји како Туркије, Азербејџан, Србија и Северна Македонија. Во наредните четири дена, учесниците ќе работат интензивно за развој на два иновативни прототипи на игри, со поддршка од експертски ментори и професионалци од индустријата.
Како динамичен центар на академска извонредност и меѓународна соработка, ИБУ продолжува да биде лидер во оспособувањето на младите таленти во дигиталниот свет. Со својата модерна инфраструктура и посветеност кон иновациите, ИБУ нуди идеална средина за поттикнување на креативноста, прекуграничната соработка и претприемачкиот дух.
„ДИГИЕЈЏ“ - Кампот за развој на видеоигри е дел од проектот Ерасмус+ 2023-3-KA210-YOU-000184390 и нуди уникатна можност за младите гејминг развивачи да стекнат практично искуство, да ги унапредат своите вештини и да изградат трајни професионални мрежи.
Иако отворањето е завршено, учесниците ќе продолжат да работат на своите проекти до 25 април, истражувајќи го целиот процес на развој на игри – од концепт до прототип – сето тоа во енергична и поддржувачка атмосфера на ИБУ.