Кои се штетните ефекти од загадувањето на воздухот?
РЕГИОН
2 мин читање
Кои се штетните ефекти од загадувањето на воздухот?Годишно 4.175 животи згаснуваат во земјава, кои можат да се припишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ2.5 честички. Еве кои се некои од негативните ефекти врз животот и здравјето на луѓето поради загадениот воздух.
Кои се штетните ефекти од загадувањето на воздухот? / TRT Balkan
27 февруари 2025

Проценките на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Северна Македонија за периодот 2019-2021 покажуваат дека годишно 4.175 животи згаснуваат во земјава, кои можат да се припишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ2.5 честички.

Според последните проценки од 2024 година кои се однесуваат на периодот 2020-2022 година, годишно умираат 291.4 луѓе на 100.000 жители заради тековниот квалитет на амбиентниот воздух. Еве кои се и другите негативни ефекти врз животот и здравјето на луѓето поради загадениот воздух.

View post on X

Еве кои се и некои од другите негативни ефекти врз животот и здравјето на луѓето поради загадениот воздух.

Бремените жени изложени на високо ниво на загаден воздух

Бремените жени изложени на високо ниво на загаден воздух се изложени на поголем ризик од предвремено породување или раѓање бебиња со мала родилна тежина што доведува до ризик од пренатални и детски болести.

Ризици по детското здравје

Кај децата пак кои живеат во близина на области со голема сообраќајна фреквенција постои поголем ризик од развојни проблеми, вклучувајќи намален коефициент на интелигенција и нарушувања во однесувањето.

Секој деветти смртен случај кај новороденчињата поврзан со загадувањето

Според најновиот Извештај на УНИЦЕФ од септември 2024 година, секој деветти смртен случај кај новороденчињата во РСМ е поврзан со загадениот воздух.

Новиот документ за политики на УНИЦЕФ содржи најнови податоци и препораки за подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на смртните случаи и здравствените проблеми кај децата поради аерозагадувањето.

Скопје меѓу најзагадените градови во светот

Извештајот наречен „Почетоци без здив: политики за заштита на децата од загадениот воздух во Европа и Централна Азија“ забележува дека во Северна Македонија, ризиците од загадениот воздух се особено високи. Во февруари минатата година Скопје повторно се најде меѓу првите 10 најзагадени градови во светот, а просечните нивоа на ПМ10 или ПМ2,5 честички ги надминуваат дозволените граници повеќе од 100 дена во годината.

Според новите податоци, освен што претставува сериозна причина за смрт кај новороденчињата, загадувањето на воздухот одзема повеќе здрави години од животот во споредба со кој било друг поединечен еколошки фактор, како што се високите темератури, нечистата вода и лошите санитарни услови.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us