14 април 2025
Грција потпиша договор за набавка на 16 противбродски ракети од Франција, изјави денеска грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас.
Договорот за купување ракети „Ексоцет“ од француско производство го потпишаа во Атина Дендијас и францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни, објави Ројтерс, наведувајќи дека цената на ракетите не е соопштена.
Почнувајќи од 2021 година, кога потпиша одбранбен пакт со Франција, Грција се согласи да купи три француски фрегати и повеќе од 20 борбени авиони Рафал.
Покрај тоа, Грција најави дека ќе купи четврта фрегата и крстосувачки ракети од Франција, како дел од планираната одбранбена распределба од 25 милијарди евра до 2036 година за модернизација на оружјето.