Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека Европската унија ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан.
„Тоа беше јасна порака од денешните дискусии на Советот за надворешни работи со министрите од регионот и земјите-членки на ЕУ. Проширувањето останува нашата најдобра алатка за постигнување на оваа политичка и безбедносна цел“, изјави Кос на социјалната мрежа Х.
Во Луксембург денеска се одржа состанок на Советот на ЕУ за надворешни работи на кој се разговараше за Западен Балкан, војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, Сирија, односите на ЕУ со Африка и други актуелни прашања.
„Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ и земјите од Западен Балкан одржаа неформален разговор со еврокомесарките Каја Калас и Марта Кос за ситуацијата во регионот, безбедносните предизвици, стабилноста, спроведувањето на реформите и геостратешката неопходност од проширувањето, што е во интерес на сите“, напиша на Х словенечката министерка за надворешни работи на мрежата Тања Фајон.