СВЕТ
1 мин читање
Макрон: Западните сојузници ќе го зголемат притисокот врз Русија за прекин на огнот
Постојано се обидувавме Зеленски да го прифати предлогот за безусловен прекин на огнот - што тој го направи, патем, во Џеда. Исто така, работевме за Соединетите Држави да добијат прекин на огнот од Русија, изјави францускиот претседател
Макрон: Западните сојузници ќе го зголемат притисокот врз Русија за прекин на огнот
Le président français Emmanuel Macron attend l'arrivée d'un invité au palais de l'Élysée à Paris, France / Reuters
пред ден

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за списанието „Париз Мач“, без да прецизира дополнителни деталиги објави плановите на западните сојузници да го зголемат притисокот врз Русија во следните осум до десет дена за да обезбедат прекин на огнот со Украина.

Макрон истакна дека ќе остане „претпазлив“ во врска со прекинот на огнот, бидејќи како што рече дел од равенката зависи од Москва“.

Според него не било во ред притисокот да се применува само врз Украина.

„Постојано се обидувавме да создадеме импулс за претседателот Зеленски да го прифати предлогот за безусловен прекин на огнот - што тој го направи, патем, во Џеда. Исто така, работевме за Соединетите Држави да добијат прекин на огнот од Русија. Од сите нас зависи да изградиме услови за силен и траен мир“, додаде тој.

Интервјуто на Макрон дојде по четиристраните разговори одржани меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер и Макрон по погребот на папата Франциск за време на викендот.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us