СВЕТ
2 мин читање
Русија и Венецуела потпишаа Договор за стратешко партнерство
Путин и Мадуро го пофалија договорт кој го потпишаа во Москва и се согласија дека можат да дадат нов импулс во односите на двете држави
Русија и Венецуела потпишаа Договор за стратешко партнерство
Russian President Putin and Venezuelan President Maduro meet in Moscow / Reuters
7 мај 2025

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот венецуелски колега Николас Мадуро денеска во Москва потпишаа Договор за стратешко партнерство.

Путин го пофали договорот, нагласувајќи дека тој е солидна основа за билатерална соработка и рече дека двете земји би можеле да постигнат значајни резултати.

„Секако, нашиот трговски промет од 200 милиони долари е далеку од задоволителен, но сепак, трендот е многу позитивен: минатогодишниот раст на трговијата достигна 64% - добар показател“, рече тој.

Мадуро му го пренесе на Путин „длабокото восхитување“ на венецуелскиот народ за 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

„Советскиот народ вложи огромни напори за да стави крај на нелегалната и ужасна војна предизвикана од фашизмот пред 80 години“, рече тој.

Според проценката на Мадуро, доколку ова не се случеше, човештвото ќе влезеше во фаза на злосторства и тешка криза.

„Благодарение на Големата победа на Црвената армија пред 80 години, благодарение на напорите и херојството на советскиот народ и жртвите во износ од 27 милиони човечки животи, Европа и целото човештво беа спасени“, рече тој.

Венецуелскиот лидер нагласи дека светот сега е „на клучна крстосница“.

„Овој момент е најсоодветен - 80 години од нашите односи и 80 години по оваа Голема победа. Можеме да дадеме нов импулс на развојот на нашите односи. Ќе направиме квалитативен скок кон соработка во сите сфери“, рече тој.

Мадуро го пофали договорот, потпишан врз основа на резултатите од состанокот, велејќи дека тој ќе придонесе за проветување на односите меѓу Русија и Венецуела.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us