За метар квадратен станбена површина во центарот на Загреб би требало да издвоите речиси 4.500 евра, додека за метар квадратен станбена единица во Приштина, тоа би ве чинело нешто помалку од 2.000 евра.
Ова го покажуваат последните податоци на „Нумбео“ (Numbeo), веб-страница која обезбедува тековни и навремени информации за условите за живот во светот, вклучувајќи ги трошоците за живот, меѓу кои и трошоците за домување.
Ако за метар квадратен станбена повржина во центарот на Загреб треба да платите 4487 евра, за метар квадратен во центарот на Белград треба да издвоите 3991 евра, додека во Тирана метар квадратен станбен простор во срцето на градот чини 3079 евра. За метар квадратен станбена површина во главниот град на Босна и Херцеговина потребно е да издвоите 2988 евра, а метар квадратен во центарот на Подгорица изнесува 2400 евра. За околу 200 евра помалку чини метар квадратен во центарот на Скопје, додека во споредба со останатите главни градови во земјите од регионот, најниска цена на недвижнините има Приштина, каде за метар квадратен станбен простор чини нешто помалку од 2.000 евра, односно 1976 евра, покажуваат податоците на Нумбео.
Цената на становите во Скопје зголемена за 20 отсто за само една година
Доколку се осврнеме само на македонската метропола, Скопје, цената за метар квадратен на становите во овој град се зголеми за 20 отсто за една година, покажуваат податоците на агенциите за надвижности.
Централното градско подрачје и понатаму е најатрактивно. Некои ги купуваат за живеење, други за издавање. Граѓаните инвестицијата во недвижности ја гледаат како можност да ги заштитат парите од инфлација.
Според Градежната комора, високите цени на становите се резултат на лошите политики во изминатите години, мораториумите. Понудата се намалува, побарувачката расте.
На цената влијаат и геополитичките случувања кои наметнуваат и поскапи суровини.
Расте побарувачката - растат и цените
Познавачите на пазарот на недвижнини појаснуваат дека всушност секоја станбена единица има своја цена, а дека тие се формираат по системи на бодување од зависност на положбата на станот, локацијата, квалитетот на градба и слично.
Побарувачката за становите се зголемува, но растат и цените.
Градежнците цената на недвижностите ја оправудаат со значителното поскапување на градежните материјали, состојбите предизивкани по пандемијатаод Ковид-19, како и војната во Украина, со што дојде до нарушување на нормалните текови на економијата на глобално ниво.
Спроед познавачите на состојбите цената на метар квадратен на станбените единици ќе продолжи и во текот на 2025 година. Растот на цените ќе зависи како и претходно - во најголем дел од скапите репроматеријали на берзите на глобално ниво, дефицитот на работната сила, но и зголемената цена на инженерските услуги.
Исто така, не помалку важен факт при формирањето на центата на метар квадратен станбена единица се и зголемените цени на градежното земјиште.