ВОЈНА ВО ГАЗА
4 мин читање
Декодирано: „Кочиите на Гидеон“, новиот план на Израел за окупација на Газа
Планот ја опишува целосната окупација на Газа, туркајќи ги Палестинците во ограничена јужна зона со дозволена само минимална помош
Декодирано: „Кочиите на Гидеон“, новиот план на Израел за окупација на Газа
Израелските власти објавија дека му даваат на Хамас десетдневен рок, што се совпаѓа со завршувањето на тековната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на регионот, пред да започнат офанзива наречена „со голема сила“ / AA
10 мај 2025

Израел воведе нов воен план именуван по библиска фигура за да ја формализира својата долгорочна окупација на Газа и да спроведе масовно раселување на Палестинците од нивните земји.

Одобрена едногласно од страна на крајно десничарскиот безбедносен кабинет на Израел оваа недела, стратегијата насловена како „Кочиите на Гидеон“ (Меркавот Гидеон) - планира да ја интензивира геноцидната инвазија на Тел Авив во Газа, во која веќе се убиени над 52.600 луѓе, раселено е целото население и територијата е уништена.

Израелските власти објавија дека му даваат на Хамас десетдневен прозорец, што се совпаѓа со крајот на тековната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на регионот, пред да ја започнат офанзивата наречена „со голема сила“.

Условите што Израел очекува Хамас да ги прифати остануваат нејасни, особено имајќи предвид дека палестинската група веќе се согласи на широк предлог за прекин на огнот што вклучува враќање на сите израелски заложници во замена за прекин на војната на Израел во Газа.

Иако израелските власти ги опишуваат „Кочиите на Гидеон“ како напад за расформирање на Хамас и враќање на заложниците дома, се чини дека тоа ги поставува темелите за поцврста и неопределена окупација на палестинската Газа.

Висок израелски функционер изјави за локалните медиуми дека планот ќе вклучува обемна офанзива од воздух, копно и море, вклучително и систематско уништување на инфраструктурата што израелската војска ја смета за закана.

Израелските трупи ќе останат во областите што ги заземаат, утврдувајќи ја воената контрола и претворајќи делови од Газа во утврдена тампон зона. Овој потег го одразува она што многумина го опишуваат како постепена анексија на територијата, оправдана преку безбедносна реторика.

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, го искажа ставот на владата несомнено јасно за време на конференцијата во Ерусалим.

„Ја окупираме Газа за да останеме“, рече Смотрич. „Нема повеќе влегување и излегување. Ова е војна за победа.“

Тој продолжи велејќи дека Израелците повеќе не треба да се срамат од терминот „окупација“, додавајќи: „Народ што сака да живее мора да ја окупира својата земја.“

Трансфер на население

Клучната компонента на планот вклучува насилно раселување на Палестинците од северна Газа, што претставува кршење на меѓународното право во отсуство на гаранции за безбедно враќање.

Раселеното население би било ограничено на одредени зони на југ, строго следени од израелските сили.

Веќе сериозно ограничениот пристап до помош би бил дополнително ограничен според новиот план. Се очекува испораката на помош да продолжи само откако воените офанзиви ќе ги потиснат цивилите на југ.

Дистрибуцијата на помош ќе биде ограничена на области одобрени од израелската војска и управувани од цивилни изведувачи под строг надзор, а примателите ќе бидат подложени на проверка.

„Секој потег на Израел да ги расели Палестинците на југ од Појасот Газа и да ги затвори во таканаречени „затворени меури“ или да продолжи да наметнува нехумани услови за живот за да ги избрка Палестинците од Газа, би претставувал воен злостор на незаконски трансфер или депортација“, соопшти Амнести Интернешнл во среда.

„Доколку овие дејствија се извршени како дел од широко распространет или систематски напад насочен против цивилното население, тие исто така би претставувале злосторства против човештвото.“

Библиска симболика

Името „Кочиите на Гидеон“ носи значителна симболична тежина во израелскиот дискурс. 

„Гидеон“ е личност од Библијата, кој предводел мала, божествено избрана војска за да ги уништи Мадијамците, кои се древна семитска група.

Поради тоа критичарите сметаат дека името ја врамува офанзивата во однос на религиозно освојување.

„Меркавот“, што значи кочии, ја продлабочува симболиката. 

Евоцира и библиски воени слики и модерни израелски тенкови Меркава, озлогласени по нивната деструктивна улога во Газа и окупираниот Западен Брег. Комбинацијата го поврзува наративот за религиозна мисија со механизирано војување.

Некои во Израел се потсмеваат на името, сугерирајќи дека можеби е поздрав до министерот за надворешни работи Гидеон Сар.

Според израелскиот медиум Јнет, за време на дискусиите во кабинетот за насловот на офанзивата, еден министер се пошегува лдека треба да се вика „Дозволете ми да умрам со Филистејците“ - референца на древните жители на Газа, кои им го дале името на Палестинците.

Премиерот Нетанјаху наводно го отфрлил предлогот.

„Не. Не сакаме да умреме со нив. Сакаме тие да умрат сами“, беше цитиран Нетанјаху.

Извор: ТРТ Ворлд

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us