Мобилниот музеј „Битките кај Чанаккале“ од Туркије, ги отвори вратите за посетителите во Охрид.
Музејот на плоштадот „Свети Климент Охридски“ во Охрид го посетија граѓани од различна возраст, ученици и студенти.
Техничкиот директор на мобилниот музеј, Неџми Џан Акјилдиз, во изјава за Анадолу рече дека во мобилниот музеј има 7 различни витрини каде што може да се добијат информации за текот на битките кај Чанаккале.
Тој рече дека музејот ќе биде отворен во Охрид два дена. „Има голем интерес за музејот. Во Охрид наидовме на голем интерес. И од локалното население и од туристите. Вратите ни се отворени за сите, бесплатно ги пречекуваме сите граѓани. Наидовме на голем интерес и добивме многу позитивни коментари. Многу сме среќни што сме тука. Се надевам дека повторно ќе дојдеме овде“, рече тој.
Освен во Охрид, мобилниот музеј претходно беше и во Тетово и Центар Жупа.
Покрај Северна Македонија, мобилниот музеј посети и други балкански земји како Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а подоцна ќе ја посети и Бугарија.
Овој мобилен музеј содржи артефакти од битките кај Чанаккале и нуди дигитални прикази.
Музејот, кој беше подготвен со цел да го пренесе духот на Чанаккале на идните генерации, содржи фотографии, воени предмети, историски артефакти од тој период, како и дигитални прикази.
Извор: АА