Ноќеска во кафе бар во Штип застрелан е студент, кој според првичните информации е државјанин на Република Туркије. Во него, наводно пукал исто така турски државјанин кој имал студентски престој во македонскиот источен град.
Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Туркије, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.
По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Туркије зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Туркије, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.
Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода, сооштија од МВР.
Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
По пукањето, осомниченото лице се дало во бегство. Полицијата го пресретнала кај наплатната рампа во близина на Миладиновци, по што осомничениот го напуштил автомобилот и продолжил да бега пеш.
Полицијата отворила оган затоа што осомничениот напаѓач ја пробил поставената рампа и блокада.
Јавниот обвинител во текот на ноќта издаваше повеќе насоки и наредби за пронаоѓање на сторителот.
Двете лица се идентификувани и се води истрагата во насока на обезбедување на бегалецот и собирање докази за убиството, како и можните мотиви.