СПОРТ
2 мин читање
Усик и Дубоа договорија натпревар за обединување на титулите во тешка категорија
Му благодарам на Бога за можноста повторно да се борам за неоспорната титула, ти благодарам, Даниел, што го заштити мојот појас во ИБФ- сега го сакам назад, изјави Украинецот, кој е сопственик на титулите во ВБО, ВБА и ВБЦ боксерски организации
Усик и Дубоа договорија натпревар за обединување на титулите во тешка категорија
Мечот ќе се одржи на 19 јули на стадионот Вембли во Лондон / Reuters
28 април 2025

Украинскиот боксер Александар Усик и Британецот Даниел Дубоа постигнаа договор за натпревар за обединување на титулите за светски шампион во тешка категорија, кој ќе се одржи на 19 јули на стадионот Вембли во Лондон, јавува Би-Би-Си.

Дубоа е светски шампион во категоријата ИБФ, додека Усик е сопственик на титулите ВБО, ВБА и ВБЦ.

Усик на 19 мај 2024 година го победи Британецот Тајсон Фјури во Ријад и ги обедини титулите светски шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ВБЦ. Украинецот потоа во јуни 2024 година објави дека се откажал од одбраната на титулата во ИБФ, а Дубоа беше прогласен за шампион.

Дубоа го одбрани својот појас во ИБФ во септември минатата година, откако го победи сонародникот Ентони Џошуа.

Усик го победи Фјури во реванш на 22 декември минатата година и ги задржа светските титули во тешка категорија во ВБО, ВБА и ВБЦ.

„Му благодарам на Бога за можноста повторно да се борам за неоспорната титула. Ти благодарам, Даниел, што го заштити мојот појас во ИБФ- сега го сакам назад“, рече Усик.

Дубоа и Усик се бореа во 2023 година во Вроцлав, а украинскиот боксер победи.

„Требаше да ја добијам првата борба, но таа победа ми беше одземена со одлука на судијата. Овој пат нема да правам никакви грешки пред моите луѓе, на националниот стадион во мојот роден град. Сега сум супериорен и поопасен борец“, изјави Дубоа.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us