ВОЈНА ВО ГАЗА
1 мин читање
Во израелските напади во Газа убиени најмалку 26 Палестинци
Израелската Армија ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од 19 јануари
Во израелските напади во Газа убиени најмалку 26 Палестинци
Во израелските напади во Газа убиени најмалку 26 Палестинци / AA
28 април 2025

Најмалку уште 26 Палестинци се убиени денес во непрекинатите израелски воздушни напади врз домови низ Појасот Газа, соопштија локалните медиуми.

Израелските воени авиони рано утрово извршија напад врз куќа во јужниот град Кан Јунис, при што убиени се осум лица, објави палестинската новинска агенција Вафа.

Уште две лица се убиени во друг напад во кампот за раселени лица Ал-Шафии западно од градот, соопшти новинската агенција.

Борбени авиони изведоа напад на уште еден палестински дом во бегалскиот камп Џабалија во северна Газа, при што убиени се 10 лица.

Уште шест цивили се убиени, а неколку други се повредени во друг напад врз куќа во северниот град Беит Лахија, соопшти истиот извор.

Израелската Армија ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од 19 јануари.

Израел уби над 52.200 Палестинци во енклавата од октомври 2023 година, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд изминатиот ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува со случај за геноцид во Меѓународниот суд на правдата за воените дејствија во енклавата.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us