РЕГИОН
3 мин читање
ИВЗ со рекација на одлуката на Уставниот суд за поништување на владината одлука за медресата
ИВЗ наведе дека ќе го чека официјалното доставување на Одлуката на Уставниот суд на РСМ, а потоа ќе ја анализира „основаноста на Уставниот суд за поништување на Одлуката на Владата на РСМ“, по што ќе преземе конкретни правни чекори.
ИВЗ со рекација на одлуката на Уставниот суд за поништување на владината одлука за медресата
ИВЗ со рекација на одлуката на Уставниот суд за поништување на владината одлука за медресата / AA
30 април 2025

По одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија да ја поништи владината одлука за основање на приватното средно училиште (ПСУ) „Медреса Иса Беј“ во Скопје, со соопштение се огласи Исламска верска заедница (ИВЗ) на Република Северна Македонија.

ИВЗ во соопштението наведе дека со длабока загриженост ја примила веста дека Уставниот суд на Република Северна Македонија ја поништила владината одлука бр.02-268 од 09.05.2024 година, со која е основано приватното средно училиште „Медреса Иса Беј“ во Скопје, истакнувајќи дека училиштето има Одлука за давање одобрение за основање бр. 41-3741/2 од 26.03.2024 година добиено од Владата на РСМ и истата е потврдена со Одлука на Министерството за образование и наука бр. 13-1722/3 од 09.04.2024, во транспарентна постапка, во согласност со условите за спроведување на план-програмите на министерството, минувајќи ги сите филтри утврдени со законот, исто како што и другите физички и правни субјекти основале и основаат образовни институции во државата.

ИВЗ наведе дека ќе го чека официјалното доставување на Одлуката на Уставниот суд на РСМ, а потоа ќе ја анализира „основаноста на Уставниот суд за поништување на Одлуката на Владата на РСМ“, по што ќе преземе конкретни правни чекори.

Исламска верска заедница на РСМ и Управата на Медресата ги уверуваат учениците на училиштето да бидат смирени бидејќи во координација и соработка со Владата на РСМ и другите релевантни институции, политички фактори и меѓународни фактори, ќе преземе конкретни чекори за да го обезбеди акредитирањето на Медресата.

Од ИВЗ информираат дека пред Уставниот суд е покрената постапка за оценување на уставноста на член 7 од Законот за средно образование (Службен весник на РМ, бр. 64/18) со кој не се дозволува „веронаука во средните училишта“, со образложение дека истиот е во спротивност со амандман 7 и член 22 од Уставот на РСМ, кој на секој граѓанин му ја гарантира слободата и можноста за „верско образование“ во „верски училишта“ организирани од ИВЗ или МПЦ.

Во соопштението се вели дека наишле на разбирање кај раководствата на соодветните институции на Министерството за образование и наука и дека - независно од ова одлука на Уставниот суд - ќе најдат трајно правно решение со кое ќе се реши повеќегодишниот проблем на Медресата.

Од ИВЗ изразуваат загриженост и несогласување со донесената одлука на Уставниот суд со која продолжува политиката на непочитување на Уставот и се создава континуитет на механизмот на дискриминација на учениците и ученичките на Медресата, потенцирајќи дека е неразбирливо да се дискриминираат ученици на едно училиште основано во 1984 година.

Исламска верска заедница истакна дека внимателно и со максимални напори, во духот на толеранција, разбирање и соработка со релевантните институции, ќе продолжат со реализација на големиот проект за официјализирање на Медресата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us