Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган денеска му го честиташе изборот на новиот папа Лав XIV. Во писмото до папата, Ердоган изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните трагедии, особено во Газа.
„По повод вашиот избор за папа, ви упатувам срдечни честитки во име на мојата нација и во мое име. Целосно сум уверен дека со вас ќе го продолжиме искрениот и конструктивен дијалог што го воспоставивме со папата Франциск. Искрено верувам дека понатамошното унапредување на односите меѓу Туркије и Ватикан ќе даде значаен придонес за зајакнување на толеранцијата на меѓународната сцена и за ставање крај на хуманитарните трагедии, особено во Газа“, порача Ердоган.
Претседатекит на Туркије рече дека покојниот папа Франциск, истакнат државник, ја заслужил почитта од целиот свет преку неговите големи напори за воспоставување мир и толеранција во време на интензивирани регионални и меѓународни конфликти.