Како се живее во Зрновци- најмалата македонска општина
РЕГИОН
3 мин читање
Како се живее во Зрновци- најмалата македонска општинаВо оваа мала рурална општина со голем потенцијал земјоделието е главен извор на егзистенција, а иселувањето на младите главен проблем. Во општината е лоцирана една од најстарите хидроцентрали, а има и богати археолошки локалитети.
ТРТ Балкан во Зрновци / TRT Balkan MK
26 април 2025

Во подножјето на планината Плачковица, јужно од Кочани се наоѓа општината Зрновци. Најмала македонска општина барем според податоците од пописот од 2021 година. Овде живеат 2086 жители, а општината се простира на 51 километар. 

Според преданието пренесувано со генерации името на општината настанало од зборовите зрно и овци бидејќи во минатото општината располагала со богатство зрнести култури и развиено сточарство.

Оризови полиња и развиено земјоделие

Земјоделието и денес е извор на егзистенција за многу семејства во Зрновци и целата Кочанска Котлина. Оризовите полиња на површина од 4 000 хектари интензивно се обработуваат.

Главниот индустриски капацитет во Зрновци за производство на оризова арпа (нелупен ориз) во Зрновци денес произведува од 3 000 до 5000 тони годишно. Се наоѓа на просторот на поранешната фабрика Зрновка која во поранешна Југославија опслужувала околу 20 проценти од југословенскиот пазар. Сопственици се двајца браќа од кои едниот е повратник од Швајцарија.

Застапени сме низ цел свет. На сите пазари. Од Америка до Австралија. Како продукт кој е познат под брендот кочански ориз и посебно има интерес кај нашите сограѓани коишто живеат во тие иселенички земји”, вели за ТРТ Балкан, Сотир Ангелов, сопственик на “БМФ”.

Помош од локалната самоуправа

Локалните власти настојуваат да ја урбанизираат општината, но и да овозможат директен пристап до секоја земјоделска површина. 

Изминатите три години беа решени децениски проблеми како во делот на навремено водоснабдување со доволно количина доволно динамика, изградба на над 15 локални улици и патишта. Имаше изградба на објекти од делот на комуналии како резевоари, пречистителни станици”, вели градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Иселувањето главен проблем

Еден од главните проблеми е иселувањето. Во општината има две училишта, но млади луѓе не се среќаваат често. Италија и Германија се дестинациите кои младите ги одбрале за попристојна живеачка. Старите занаетчии потврдуваат дека нема кој да ги замени. 

Сега сите во секундата сакаат пари. Никој не сака да учи. А сега во селото многу убаво можат да опстојуваат. Само за селото да работи доста му е. Една многу добра плата ќе си извади”, вели Венцо Андонов кој 40 години работи како ковач во работилница која е стара еден век. Во неа претходно се изработувало оружје, а сега најмногу се поправа земјоделската механизација.

Најстара хидроцентрала, богати археолошки локалитети

На еден и пол километар од Зрновци се наоѓа селото Мородвис и локалитетот Моробисдон. Карактеристично за него е што тука на исти темели се изградени три цркви. Најстарата од петтиот век, а најновата била изградена во тринаесеттиот век. Овдека биле пронајдени над 200 гробови, а карактеристично е и тоа што овдека бил пронајден и најбогатиот детски гроб со накит во државата.  

За Зрновци е врзан уште еден куриозитет. Во оваа општина, на Зрновска Река е лоцирана една од најстарите хидроцентрали изградена во 1950 година.

Зрновци е познато и како еден вид воздушна бања, односно е една од најмалку загадените општини во државата.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us