ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
ЕУ сака да ја зајакне палестинската управа за да биде рамноправен партнер на Израел
Европската комисија во понеделникот, по повод првиот дијалог ЕУ-Палестинската управа, предложи сеопфатна програма за поддршка за периодот 2025-2027 година во вредност до 1,6 милијарди евра за поттикнување на палестинскот закрепнување и отпорност
ЕУ сака да ја зајакне палестинската управа за да биде рамноправен партнер на Израел
Од овие 1,6 милијарди евра, 620 милиони евра ќе бидат грантови како директна помош за буџетот на палестинската управа (Ројтерс) / Reuters
14 април 2025

Европската унија сака да ја зајакне палестинската управа за да може да биде рамноправен соговорник на Израел, изјави во понеделникот во Луксембург комесарката за Медитеранот Дубравка Шуица.

Пред почетокот на првиот дијалог на високо ниво меѓу ЕУ и палестинската управа, таа рече дека во таа власт не може да има место за Хамас.

„Ние првенствено бараме добро владеење, сакаме да знаеме како палестинските власти ќе управуваат не само со Западниот Брег, туку и со Газа“, рече Шуица.

Таа рече дека палестинската управа треба да се зајакне и реформира пред да се распишат изборите.

Во понеделникот, по повод првиот дијалог ЕУ-Палестинската управа, Европската комисија предложи сеопфатна програма за поддршка за периодот 2025-2027 година во вредност до 1,6 милијарди евра за поттикнување на палестинскот закрепнување и отпорност.

Од овие 1,6 милијарди евра, 620 милиони евра ќе бидат грантови како директна помош за буџетот на палестинската управа.

Средствата се наменети за решавање на најитните потреби на јавната администрација.

Околу 576 милиони евра грантови се наменети за поддршка на конкретни проекти на терен за зајакнување на економското закрепнување на Западниот Брег, Источен Ерусалим и Газа, како што дозволува ситуацијата на теренот.

До 400 милиони евра се наменети за заеми од Европската инвестициска банка за палестинскиот приватен сектор.

Повеќето плаќања од ЕУ ќе бидат условени од напредокот на владата во клучните реформи во областите на фискалната одржливост, демократското владеење, развојот на приватниот сектор и јавната инфраструктура и услуги.

ЕУ ќе ја исплати својата директна финансиска помош преку механизмот на ЕУ ПЕГАСЕ за да се осигура дека се воспоставени потребните контроли и заштитни мерки во однос на крајните приматели на поддршката од ЕУ.

Комисијата најави дека ќе лансира посветена палестинска донаторска платформа, која ќе биде форум за палестинската управа да го претстави спроведувањето на својата програма за реформи и да обезбеди целосна транспарентност во спроведувањето на програмата.

ЕУ и Палестинската управа потпишаа писмо за намери на 19 јули 2024 година, во кое се утврдува стратегија за справување со критичната буџетска и фискална ситуација на палестинската управа и палестинската економија.

Од јули 2024 година до февруари оваа година на палестинската управа и биле исплатени 400 милиони евра.

ЕУ е најголемиот обезбедувач на надворешна помош за Палестинците со билатерални распределби од приближно 1,36 милијарди евра за периодот 2021-2024 година, од кои веќе се доделени повеќе од 1,043 милијарди евра.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us