Колку комунален отпад создаваат македонските граѓани?
РЕГИОН
1 мин читање
Колку комунален отпад создаваат македонските граѓани?Вкупното количество создаден комунален отпад во 2024 година изнесува 790 866 тони. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2024 година изнесува 438 кг, што е за  12.9 проценти помалку од истото количество во 2023 година.
Колку комунален отпад создаваат македонските граѓани? / ТРТ Балкан МК
24 април 2025

Вкупното количество собран комунален отпад во државава во 2024 година изнесува 637 471 тон и споредено со 2023 година, бележи зголемување од 2.5 проценти. Зголемувањето, како што објави Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад.

Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 180 729 тони или 28.4 проценти од вкупното собрано количество. Од вкупното количество собран комунален отпад,  535 606 тони или 84 проценти се собрани од домаќинствата, а останатите 16 проценти од правни и физички лица (комерцијален отпад). Според видовите отпад, најголемо количество собран отпад е измешаниот комунален отпад –   546  866 тони или 85.8 проценти, а најмало количество има отпадот од гума – 1 136 тони или 0.2 проценти од вкупното количество собран комунален отпад.  

Вкупното количество создаден комунален отпад во 2024 година изнесува 790 866 тони. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2024 година изнесува 438 кг, што е за  12.9 проценти помалку од истото количество во 2023 година. 

Најголемото количество собран комунален отпад, 99.8 проценти, се исфрла на депонија.

ИЗВОР:ТРТ Балкан МК
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us