СВЕТ
3 мин читање
Сикстинската капела- уметничко чудо и место каде што сe избира папата
Папа Јулиј II го ангажирал Микеланџело да слика фрески на таванот, што сестраниот ренесансен уметник го правел од 1508 до 1512 година, a фреските прикажуваат сцени од Стариот и Новиот завет, вклучувајќи го и „Создавањето на Адам“
Сикстинската капела- уметничко чудо и место каде што сe избира папата
Папата Лав XIV го започна својот прв ден со миса во Систинската капела, заедно со кардиналите кои го избраа / Reuters
10 мај 2025

Кардиналите на Римокатоличката црква се собра на 7 мај за да изберат нов папа во една од најубавите простории во светот, Сикстинската капела.

Капелата е место каде со векови се одржува конклата, односно гласањето за изборот на нов поглавар на Римокатоличката црква.

Во четвртокот, само еден ден по почетокот на конклавата беше избран наследникот на папата Франциск, папата Лав XIV, седум века откако во Сикстинската капела за првпат се избираше папа.

Капелата е именувана по папата Сикст IV и е градена од 1473 до 1481 година. Долга е 40 метри, широка 13 метри и висока 21 метар, а од двете страни е осветлена со високи прозорци. 

Папа Јулиј II го ангажирал Микеланџело да слика фрески на таванот, што сестраниот ренесансен уметник го правел од 1508 до 1512 година. Фреските прикажуваат сцени од Стариот и Новиот завет, вклучувајќи го и „Создавањето на Адам“ во кое Бог го испружува својот прст за да ја допре испружената рака на првиот човек.

Дваесет години подоцна, папата Климент VII го ангажирал Микеланџело да наслика фреска на ѕидот зад олтарот, која подоцна ќе стане величествениот „Страшен суд“, откриена во 1541 година. 

Но Микеланџело веднаш бил обвинет за неморал и непристојност затоа што сликал голи луѓе во црквата.

По неговата смрт, Црквата наредила гениталиите да бидат покриени, што еден од учениците на Микеланџело го направил така што врз нив насликал смоквини лисја или шорцеви. 

За време на големата реставрација на фреските пред околу триесет години, експертите отстранија дел од покривките, но оставија дел бидејќи тие ја претставуваат и историјата на Систинската капела.

Страничните ѕидови на капелата биле украсени со фрески од други уметници, вклучувајќи ги Пјетро Перуџини, Сандро Ботичели и Доменико Гирландаи.

Од 1980 до 1994 година, специјалистите спроведоа еден од најамбициозните реставраторски проекти во светот, отстранувајќи ја нечистотијата и саѓите што се собрале и ги затемниле фреските низ вековите. 

Резултатите ги поделија експертите и аматерите, при што некои ги критикуваа новите бои како премногу светли.

Сикстинската капела првпат била користена за конклава по смртта на Сикст IV во 1484 година. Бројни конклави биле одржани на други места, неколку од нив во Квириналната палата во 19 век, која некогаш била летна палата на папите, а сега е официјална резиденција на италијанскиот претседател.

Околу 6,8 милиони луѓе во 2023 година го посетиле Ватиканскиот музеј, во кој е вклучена а Систинската капела, што го прави втор најпосетуван музеј во светот по Лувр во Париз. 

Германскиот писател Гете еднаш рекол: „Оној што не ја видел Систинската капела, не знае што е способен да направи човекот“.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us