ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Израелски министер повикува на „изгладнување до смрт“ на Палестинците во Појасот Газа
Треба да умрат од глад, ако има цивили што се плашат за своите животи, тие треба да го спроведат планот за миграција, рече израелскиот министер за наследство Амихај Елијаху
Израелски министер повикува на „изгладнување до смрт“ на Палестинците во Појасот Газа
Приближно 2,3 милиони Палестинци се борат со глад во Појасот Газа, каде што Израел го запре влезот на хуманитарна помош на 2 март / AA
6 мај 2025

Израелскиот министер за наследство Амихај Елијаху истакна дека палестинските цивили во Појасот Газа треба да бидат изгладнети до смрт.

Во разговор за телевизијата Канал 7 во Израел министерот Елијаху рече дека е потребно бомбардирање на складиштата за гориво и храна во Појасот Газа.

Тврдејќи дека треба да продолжи ембаргото за хуманитарна помош за Газа, Елијаху тврдеше дека доколку влезе хуманитарна помош, таа ќе им наштети на израелските заробеници и војници „наместо да го ослаби непријателот“.

Алудирајќи на палестинските цивили, Елијаху изјави:

„Штом ќе им се отежнат условите, тие ќе му се отежнат и на Хамас“ и додаде дека не гледа проблем во бомбардирањето на складиштата за храна и гориво во Појасот Газа.

Во текот на телевизиската емисија министерот Елијаху рече:

„Треба да умрат од глад. Ако има цивили што се плашат за своите животи, тие треба да го спроведат планот за миграција.“

Приближно 2,3 милиони Палестинци се борат со глад во Појасот Газа, каде што Израел го запре влезот на хуманитарна помош на 2 март, а подолг период пекарниците не работат поради недостиг на брашно и гориво.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) на 4 мај објави дека во регионот се одвива „невидена хуманитарна катастрофа“ во време кога израелската целосна блокада на Газа трае веќе деветта недела.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us