СВЕТ
1 мин читање
Убиени 16 лица во нападите на одметнички групи во јужна Сирија
Во соопштението, началникот на полицијата на околината на Дамаск, Хусам ал-Тахан, изјави дека вооружени групи нападнале безбедносни пунктови во периферијата на Ашрафијат Сахнаја, град претежно населен со Друзи
Убиени 16 лица во нападите на одметнички групи во јужна Сирија
Убиени 16 лица во нападите на одметнички групи во јужна Сирија / AP
пред 5 часа

Шеснаесет цивили и припадници на безбедносните сили се убиени во напади на „одметнички групи“ во јужна Сирија, соопштија властите денес, известува Анадолу.

Во соопштението, началникот на полицијата на околината на Дамаск, Хусам ал-Тахан, изјави дека вооружени групи нападнале безбедносни пунктови во периферијата на Ашрафијат Сахнаја, град претежно населен со Друзи, оддалечен 12 километри од центарот на Дамаск.

Ал-Тахан истакна дека 11 припадници на безбедносните сили се меѓу убиените во нападите.

Тој рече дека ескалацијата следела по немирите во блискиот град Џарамана, област на Друзите, каде што во последните два дена беше постигнат кревок договор за прекин на огнот со локалните водачи на заедницата.

Договорот вклучувал прекин на огнот и враќање на телата на убиените во неодамнешните судири, рече Ал-Тахан и додаде дека властите веднаш почнале да ги спроведуваат условите.

„Сепак, разбојнички групи се инфилтрираа во земјоделските поседи во Ашрафијат Сахнаја во вторникот вечер и пукаа врз цивилите и врз безбедносните сили, убивајќи повеќе лица“, додаде тој.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us