СВЕТ
1 мин читање
Руте: Путин направи грешка што не испрати делегација на високо ниво во Истанбул
Генералниот секретар на НАТО истакна дека е добро тоа што украинските претставници седнале на преговарачка маса
Руте: Путин направи грешка што не испрати делегација на високо ниво во Истанбул
Turkey NATO Foreign Ministers / AP
16 мај 2025

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин направил грешка што не испратил делегација на високо ниво на мировните преговори во Истанбул.

„Путин направи грешка со испраќањето делегација на пониско ниво. Всушност, топката е во негов двор, во смисла дека тој мора да игра, во смисла дека тој мора сериозно да се справи со наоѓањето мир, а целиот притисок е врз него“, изјави Руте пред самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Од друга страна, тој оцени дека е многу добро што украинските претставници седнаа на преговарачка маса и што Киев ја испрати очекуваната делегација за преговори за мир.

Тој, исто така, изрази задоволство од улогата на САД и напорите на претседателот Доналд Трамп за деблокирање на ситуацијата кога станува збор за мировните преговори меѓу Украина и Русија.

Руте вчера во Анталија ја нагласи важноста на улогата на Турција во посредувањето меѓу страните во конфликтот, особено во однос на способноста на Анкара да ги донесе страните на преговарачка маса.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us