ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Јужноафриканската Република пред МСП: Израел го користи гладот за војување против Палестинците
Дури и под опсада или блокада, Израел не смее колективно да го казнува заштитеното палестинско население кое го држи под незаконска окупација, изјави претставникот на ЈАР, Џејмион Хендрикс, на вториот ден од јавните расправи во Хаг
Јужноафриканската Република пред МСП: Израел го користи гладот за војување против Палестинците
Тој апелираше и до Обединетите нации „да бараат отстранување на сите пречки што ги наметнува Израел“ и да продолжат со доставување на хуманитарна помош / Reuters
пред 21 часа

Јужноафриканската Република денес пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) изјави дека Израел го користи гладот како оружје против Палестинците во окупираните територии, прекршувајќи ги своите меѓународни обврски.

„Меѓународното право го забранува користењето на гладот како метод на војување. Дури и под опсада или блокада, Израел не смее колективно да го казнува заштитеното палестинско население кое го држи под незаконска окупација“, изјави претставникот на Јужноафриканската Република, Џејмион Хендрикс, на вториот ден од јавните расправи во Хаг.

Хендрикс потенцираше дека Израел „применува цел спектар техники на глад и изгладнување, усовршувајќи ја контролата врз страдањето и смртта што може да ги предизвика преку системите за храна, доведувајќи до оваа точка на геноцид, и покрај обидите на израелските власти да го прикажат тоа поинаку. Палестинците се човечки суштества.“

Тој повика Израел да „соработува со Обединетите нации и да им обезбеди пристап до хуманитарна помош“, додавајќи дека Израел мора да ги исполни своите обврски како окупаторска сила и да овозможи непречено доставување на храна, медицински материјали, хуманитарна помош и услуги од страна на Обединетите нации (ОН), трети земји и други меѓународни организации.

Хендрикс исто така повика Израел „веднаш да ги прекине непријателствата“ и да ја поништи одлуката за протерување на агенциите на ОН, вклучувајќи ја и УНРВА.

Тој апелираше и до Обединетите нации „да бараат отстранување на сите пречки што ги наметнува Израел“ и да продолжат со доставување на хуманитарна помош на палестинскиот народ, без оглед на ограничувањата.

Претставникот на Јужноафриканската Република исто така рече дека трети држави „имаат обврска да не ги прифаќаат незаконските постапки на Израел“, како што е забраната на УНРВА, и дека мора да работат за нивно запирање, вклучително и со воздржување од продажба на оружје на Израел.

Порано истиот ден, директорот на јужноафриканскиот Оддел за меѓународни односи и соработка, Зејн Дангор, изјави пред судот: „Системот за хуманитарна помош е пред целосен колапс. Тој колапс е намерен.“

Претставничката Нокухања Џеле додаде дека Израел не смее да презема мерки кои се изречно забранети со меѓународното хуманитарно право, како што се масовни присилни дислокации, уништување на имот, доселување на колонизатори, напаѓање училишта и бришење на палестинската историја преку образованието.

Израелската Армија ја продолжи офанзивата врз Појасот Газа на 18 март, нарушувајќи го прекинот на огнот и договорот за размена на затвореници постигнат на 19 јануари.

Според последните податоци, повеќе од 52.300 Палестинци се убиени во бруталната израелска офанзива од октомври 2023 година, најголем дел од нив жени и деца.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us