ПОЛИТИКА
1 мин читање
АфД го тужи германското разузнавање поради класификација дека е екстремистичка
Лидерите на АфД, Алис Вајдел и Тино Крупала, објавија дека тужбата испраќа јасна порака против злоупотребата на државната моќ за борба против опозицијата и нејзино исклучување
АфД го тужи германското разузнавање поради класификација дека е екстремистичка
Германската разузнавачка служба (БфД) ја класифицираше партијата како екстремистичка организација што ја загрозува германската демократија / Reuters
5 мај 2025

Алтернатива за Германија (AфД) денес поднесе тужба против Германската разузнавачка служба (БфВ) бидејќи ја класифицираше партијата како екстремистичка организација што ја загрозува германската демократија.

Како што е наведено, тужбата е поднесена по скратена постапка, а претходела опомена до Федералната канцеларија за заштита на Уставот во која AфД барала оваа класификација да биде поништена, и во која е најавено дека доколку тоа не го стори до понеделник во 8 часот, партијата ќе се обрати до Судот.

Тужбата ја поднесе адвокатската канцеларија „Хекер“ во име на партијата, а во неа се бара „тужителот да се воздржи од класифицирање, следење и испрашување на страната“ како екстремистичка.

Адвокатската канцеларија во тужбата наведе дека оваа класификација негативно влијае на AфД.

Лидерите на АфД, Алис Вајдел и Тино Крупала, објавија дека тужбата испраќа јасна порака против злоупотребата на државната моќ за борба против опозицијата и нејзино исклучување.

„Нема да дозволиме политички инструментализирана влада да се обиде да го наруши демократскиот натпревар и да делегитимизира милиони гласови. Дејствијата на Федералната канцеларија за заштита на Уставот се срамни“, изјавија лидерите на AфД во соопштението.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us