Пропалестински демонстранти се конфронтираа со израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир во американскиот Капитол во Вашингтон.
„Воен злосторник!“, извикуваа демонстрантите кон него.
Во Капитол се одржуваше 10-от годишен Национален ден за застапување на муслиманите на Советот на муслимански организации на САД, каде што говореа и за прекин на огнот во Појасот Газа и за крај на геноцидот во опколената енклава.
Како дел од неговата посета на САД, Бен Гвир пристигна во Капитол за да се сретне со одредени пратеници.
Демонстрантите извикуваа: „Срам да ви е!“ и „Слободна, слободна Палестина!“
Според видеата на социјалните медиуми, Бен Гвир им вика на демонстрантите и se пробива низ своите обезбедувачи за да им се приближи. Подоцна влегува во канцеларијата на член на Конгресот.
Посетата на крајно десничарскиот израелски министер на САД предизвика бран незадоволства. па имаше демонстрации и за време на неговиот говор во Менхетен, Њујорк, во четвртокот.
Тој во средата тврдеше дека американските републиканци го поддржуваат неговиот повик за бомбардирање на складиштата за храна и хуманитарна помош во Појасот Газа, опустошен од војната.