Со цел да се подобри регионалната соработка во областа на стандардизацијата, на 23 април 2025 година во Скопје беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија и Институтот за стандардизација на Босна и Херцеговина.
Договорот го потпишаа директорот на Институтот за стандардизација на РСМ, Џеват Кицара и директорот Институтот за стандардизација на БиХ, Александар Тодоровиќ.
Според соопштеното, соработката ќе се состои од размена на информации, знаење, искуство и заеднички активности на полето на стандардизација и оцена на сообразност, вклучувајќи:
· Имплементација на стандарди и стандардизациски документи и нивна размена,
· Организација на стандардизациска работа,
· Користење на компјутерска технологија во развојот на стандарди и бази на податоци,
· Размена на искуства во областа на оцена на сообразност според барањата на националните стандарди и стандарди идентични со европските и меѓународните стандарди,
· Меѓусебни информации за системите и процедурите за сертификација,
· Примена на знакот за усогласеност со стандардите.
Според објавеното, со Меморандумот се предвидува и воспоставување периодични/годишни програми за соработка на конкретни проекти, како и можност за формирање заедничка работна група за имплементација на Меморандумот.