Тројца кинески астронаути се вратија на Земјата по 6-месечна мисија на вселенската станица Тјангонг
Тројцата астронаути беа лансирани во октомври и за време на својата мисија спроведоа низа научни експерименти и извршија техничко одржување на кинеската вселенска станица, која е целосно изградена со домашни капацитети
Тројца кинески астронаути се вратија на Земјата по 6-месечна мисија на вселенската станица Тјангонг
Нивната мисија заврши откако минатата недела новата екипа од мисијата Шенжоу-20 успешно ги презеде операциите на станицата / AP
пред 9 часа

Тројца кинески астронаути од мисијата Шенжоу-19 безбедно се вратија на Земјата денес, по шестмесечен престој во кинеската вселенска станица Тјангонг, јави државната новинска агенција Синхуа.

Цаи Суже, Сонг Лингдонг и Ванг Хаозе слетаа кај Донгфенг во северниот автономен регион Внатрешна Монголија. Нивното враќање беше одложено за еден ден поради лошите временски услови.

Тројцата астронаути, познати во Кина како „таиконаути“, беа лансирани во октомври и за време на својата мисија спроведоа низа научни експерименти и извршија техничко одржување на кинеската вселенска станица, која е целосно изградена со домашни капацитети.

Нивната мисија заврши откако минатата недела новата екипа од мисијата Шенжоу-20 успешно ги презеде операциите на станицата. Новиот тим, составен од командантот Чен Донг и астронаутите Чен Жонгруи и Ванг Џие, беше лансиран минатиот четврток од Сателитскиот лансирен центар Џиукуан, што се наоѓа во северозападна Кина. Тие исто така ќе останат во станицата шест месеци.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us