ТУРКИЈЕ
1 мин читање
Ердоган отпатува во Рим на меѓувладин самит со Италија
Се очекува и потпишување на неколку билатерални договори со цел подобрување на правната рамка на меѓусебните односи, а планиран е и бизнис форум со учество на претставници на бизнис заедниците од двете земји
Ердоган отпатува во Рим на меѓувладин самит со Италија
На самитот ќе се разговара за чекорите кон понатамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји / AA
пред 21 часа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторник отпатува во Рим за да присуствува на четвртиот меѓувладин самит меѓу Туркије и Италија, на покана на италијанската премиерка Џорџија Мелони.

На самитот ќе се разговара за чекорите кон понатамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји, како и за дискусии за актуелните регионални и глобални прашања.

Се очекува и потпишување на неколку билатерални договори со цел подобрување на правната рамка на меѓусебните односи, а планиран е и бизнис форум со учество на претставници на бизнис заедниците од двете земји.

Претседателот Ердоган во Италија е придружуван од министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерката за семејство и социјални прашања Махинур Оздемир Ѓокташ, министерот за млади и спорт Осман Ашкин Бак, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, министерот за одбрана Јашар Ѓулер, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за трговија Омер Болат, директорот на националното разузнавање Ибрахим Калин, директорот за комуникации Фахретин Алтун, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич и претседателот на Агенцијата за одбранбена индустрија Халук Горгун.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us