ЕУ сака да стави крај на измамите со штелување на километражите на возилата
Земјите-членки ќе мора да воспостават национални бази на податоци за отчитувањата на километражите, а кои мора да се евидентираат секогаш кога возилото се сервисира, дури и кога станува збор за замена на сијалички или менувaње на гуми
ЕУ сака да стави крај на измамите со штелување на километражите на возилата
Ако половен автомобил се продаде од една во друга земја-членка, земјата од која е извезен ќе мора да ја сподели историјата на километражата на тој автомобил или комби со земјата во која е пререгистриран (Ројтерс) / Reuters
26 април 2025

Европската комисија во четврток предложи важни измени во правилата за периодични прегледи на возила, за да се земе предвид растечкиот број на електрични автомобили, напредните системи за помош на возачите и да се намалат измамите со километражата.

Новите правила треба да ги намалат штетните емисии, измамите со километражата и да ја зголемат безбедноста на патиштата.

Комисијата предложи ревизија на три директиви: за периодичен технички преглед на возила; за документи за регистрација на возила; при преглед на комерцијални возила на пат.

Комисијата предлага да се воведат задолжителни технички прегледи на автомобили и комбиња постари од 10 години, еднаш годишно, наместо сегашната обврска на секои две години. 

Оваа обврска веќе постои во повеќето земји-членки, но во 11 земји-членки, автомобилите и комбињата постари од 10 години мора да поминат технички преглед само на секои две години.

Во некои земји-членки, задолжителните годишни технички прегледи се вршат откако возилото ќе наполни три или четири години.

За да се намалат измамите со километражи, земјите-членки, според предлогот, ќе мора да воспостават национални бази на податоци за отчитувањата на километражите.

Отчитувањата мора да се евидентираат секогаш кога возилото се сервисира или поправа, дури и кога станува збор за замена на сијалички или менување на гуми.

Вакви бази на податоци веќе постојат во Белгија (Car-Pass) и Холандија (Nationale Auto Pas, NAP) и сега треба да станат задолжителни во сите земји-членки.

Ако половен автомобил се продаде од една во друга земја-членка, земјата од која е извезен ќе мора да ја сподели историјата на километражата на тој автомобил или комби со земјата во која е пререгистриран.

Според постојната директива за периодични технички прегледи, километражата мора да се евидентира при секоја таква проверка, а манипулирањето со километражата се смета за кривично дело. 

Сепак, проблемот е што техничките прегледи се вршат почесто на секои две години, а за нови возила само по три или четири години. 

Значителен дел од измамите со километражи се случуваат пред првата проверка, бидејќи поголеми ценовни добивки може да се постигнат со манипулирање со километражите на релативно нови возила.

Борбата против измамите со километража е важна од аспект на заштита на потрошувачите, но и за фер конкуренција во трговијата со возила. 

Предлогот треба да придонесе за намалување на неовластените зафати на километражите при домашната и прекуграничната продажба на половни возила, што особено треба да им користи на потрошувачите во земјите со голем број половни возила.

Предложено е тестирање на емисиите со користење на напредни методи за ултрафини честички и азотни оксиди (NOx). Сегашните препорачани гранични вредности од 250.000 честички/см3 би станале праг за поминување на технички преглед.

Се предлага периодичните технички прегледи да се прилагодат за тестирање на електрични возила и прегледите да вклучуваат напредни функции за помош при возење.

Исто така, се предлага дигитализација на евиденцијата за технички преглед на возилата и воведување дигитални сертификати за регистрација на возила, потоа меѓусебно поврзување на националните регистри на возила и проширување на збирот на хармонизирани податоци за возилата во овие регистри, на пример податоци за земјата на прва регистрација, статусот на регистрација и информации за значајни промени на возилото.

Сертификатите за технички преглед на возилата во електронска форма треба да станат задолжителни и постепено да ги заменат хартиените обрасци.

Предвидено е технички преглед да може да се изврши во друга земја-членка во која возилото не е регистрирано. Сертификатот за таков преглед би бил важечки до шест месеци, со услов следниот технички преглед да се изврши во земјата каде што е регистрирано возилото.

Предлозите сега ќе бидат разгледани од Европскиот парламент и Советот според вообичаената законодавна постапка. 

Предложените измени ја одразуваат посветеноста на ЕУ кон безбедна и одржлива мобилност, а воедно обезбедуваат слободно движење на луѓе и стоки. Се проценува дека помеѓу 2026 и 2050 година овие предлози ќе спасат околу 7.000 животи и ќе спречат околу 65.000 сериозни повреди.

Сега е до законодавните тела, Советот и Парламентот, да го дадат своето мислење за предлозите. 

Откако ќе се постигне договор, Комисијата ќе ги подготви потребните делегирани и имплементациски акти за одредени аспекти од спроведувањето на новите правила.

ТРТ Балкан

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us