СВЕТ
2 мин читање
Јапонија бележи рекорден пад на населението
Населението на Јапонија падна на 123,8 милиони во октомври 2024 година, што е намалување за 550.000 во однос на претходната година, а без учеството на странците во населението, падот е уште поизразен - вкупниот број е 898.000 луѓе помалку
Јапонија бележи рекорден пад на населението
Ова e 14-ти последователен годишен пад и најголемиот пад некогаш забележан откако владата почна да собира споредливи податоци во 1950 година / Reuters
14 април 2025

Населението на Јапонија падна на 123,8 милиони во октомври 2024 година, што е намалување за 550.000 во однос на претходната година и 14-ти последователен годишен пад, според официјалните податоци објавени во понеделникот.

Без учеството на странците во населението, падот е уште поизразен - вкупниот број е 898.000 луѓе помалку, а во земјата останаа 120,3 милиони Јапонци.

Ова е најголемиот пад некогаш забележан откако владата почна да собира споредливи податоци во 1950 година, според Министерството за внатрешни работи.

Стапката на наталитет во Јапонија е меѓу најниските во светот, поради што земјата има помала работна сила, помала потрошувачка, а компаниите тешко наоѓаат работници.

„Стапката на наталитет продолжува да опаѓа бидејќи многу луѓе кои сакаат да воспитуваат деца не можат да ги исполнат своите желби“, изјави портпаролот на јапонската влада Јошимаса Хајаши.

Многу млади Јапонци го одложуваат бракот и раѓаат деца од различни причини, од несигурност во работата до менување на општествените вредности кои ставаат помал акцент на бракот.

Иако Јапонија се сврте кон млади странски работници, останува во сила строгата имиграциска политика која дозволува само привремена влез на странски работници.

Владата, исто така, се стреми да ги зголеми платите за младите луѓе, а истовремено помага и во воспитувањето на децата, објави Хајаши.

„Ќе промовираме сеопфатни мерки за создавање општество во кое сите оние кои сакаат да имаат деца ќе можат да имаат деца и да ги воспитуваат во мир“, рече тој.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us