Српската членка и претседавач со Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ денеска на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел истакна дека Дејтонскиот договор на ниту еден странец не му дава право да донесува закони или да го менува Уставот.
„Никој нема право, освен домашните институции, да носи закони и да го суспендира Уставот, како што тоа го направи Кристијан Шмит со Уставот на Федерацијата БиХ“, рече Цвијановиќ.
Таа изјави дека средбата поминала како што очекувала.
„Што се однесува до членовите на Претседателството, ние имаме сосема поинаков поглед на ситуацијата во Босна и Херцеговина, односно актуелната политичка криза, која е една од најголемите и една во низата предизвикана од високи претставници, а сега и Кристијан Шмит, кој нема верификација во Советот за безбедност на ОН“, рече Цвијановиќ.
Таа истакна дека на средбата посочила дека повторувањето на истите фрази и примената на старите концепти кои станаа неуспешна приказна нема да и помогне на БиХ.
„Моја обврска беше да укажам дека оваа криза е поврзана исклучиво со постапките на неизбран странец. Укажав дека овој странец нема никаква основа во меѓународното право“, рече Цвијановиќ.
Таа нагласи дека сите мерки и активности што ги презема Народното собрание на Република Српска претставуваат контрамерки и реакција на узурпирачкото и незаконското однесување на Кристијан Шмит.
„Неговите одлуки и постапки беа незаконски и спротивни на меѓународното право“, истакна Цвијановиќ.
Таа на денешната средба ги праша соговорниците што значи кога велат дека го почитуваат „високиот претставник“.
„Дали ова значи дека тие поддржуваат лажна демократија и хаос во земјата? изјави Цвијановиќ за РТРС.
Според неа, кризата во Босна и Херцеговина не е безбедносна, туку политичка.
Реков и дека БиХ е експеримент во статусот на колонија“, заклучи Цвијановиќ.