Бил Гејтс вети дека ќе го подари речиси целото свое богатство во следните две децении
Гејтс изјави дека сака да помогне во спречувањето на смртта на новороденчиња, деца и мајки од причини што можат да се спречат, да се стави крај на болести како што се детска парализа, маларија и мали сипаници и да се намали сиромаштијата
Бил Гејтс вети дека ќе го подари речиси целото свое богатство во следните две децении
Тој, исто така, го нападна Илон Маск, најбогатиот човек во светот и клучна фигура во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, обвинувајќи го за „убивање на најсиромашните деца во светот“ со огромни кратења на американскиот буџетот за помош / Reuters
8 мај 2025

Американскиот милијардер Бил Гејтс (69) денес вети дека ќе го подари речиси целото свое лично богатство во следните две децении и изјави дека најсиромашните во светот ќе добијат околу 200 милијарди долари преку неговата фондација.

Коосновачот на „Мајкрософт“ и филантроп изјави дека ги забрзува плановите за продажба на своето богатство и затворање на Фондацијата Гејтс на 31 декември 2045 година, објави „Ројтерс“.

„Луѓето ќе кажуваат многу работи за мене кога ќе умрам, но сигурен сум дека „умре богат“ нема да биде едно од нив“, напиша Гејтс во објава на својата веб-страница.

Како што рече, има премногу проблеми што треба итно да се решат, за да може да се задржат ресурси што би можеле да се користат за помош на луѓето.

Гејтс во соопштението изјави дека сака да помогне во спречувањето на смртта на новороденчиња, деца и мајки од причини што можат да се спречат, да се стави крај на болести како што се детска парализа, маларија и мали сипаници и да се намали сиромаштијата.

Гејтс рече дека, и покрај значајните ресурси на фондацијата, напредокот не би бил можен без владина поддршка.

Тој изјави дека, на пример, детската парализа нема да биде искоренета без финансирање од САД.

Гејтс ја основал организацијата со својата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс во 2000 година, а подоцна му се придружил и инвеститорот Ворен Бафет.

„Поминав долг пат откако бев само дете кога основав софтверска компанија со еден пријател од основно училиште“, рече тој.

Од своето основање, фондацијата донираше 100 милијарди долари, помагајќи да се спасат милиони животи и поддржувајќи иницијативи како што се групата за вакцини „Гави“ и Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

Гејтс рече дека фондацијата ќе престане со работа откако ќе потроши околу 99 проценти од неговото лично богатство.

Тој, исто така, го нападна Илон Маск, најбогатиот човек во светот и клучна фигура во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, обвинувајќи го за „убивање на најсиромашните деца во светот“ со огромни кратења на американскиот буџет за помош.

„Сликата на најбогатиот човек во светот како ги убива најсиромашните деца во светот не е убава“, изјави Гејтс за „Фајненшл тајмс“.

Одделот за владина ефикасност предводен од Маск доведе до уништување на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), која претходно обезбеди милијарди долари финансирање за сè, од вакцини за деца до итна помош во храна.

Гејтс и Маск еднаш се согласија за улогата на богатите во давањето пари, но оттогаш се судрија неколку пати.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us