ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Уште 20 Палестинци убиени во израелските напади врз Газа
Официјалната палестинска новинска агенција Вафа, цитирајќи медицински извори, соопшти дека 15 лица се убиени, а 10 други се повредени во израелски воздушен напад врз стан во областа Ал-Карама, во северозападниот дел на Појасот Газа
Уште 20 Палестинци убиени во израелските напади врз Газа
Во меѓувреме, беа пријавени операции за уривање на палестински домови и згради од страна на израелската Армија во различни области на источниот дел на Газа и во Рафах, јужниот дел на Појасот Газа / AA
5 мај 2025

Израелската Армија од утринава уби најмалку уште 20 Палестинци во најновите воздушни напади врз Појасот Газа.

Официјалната палестинска новинска агенција Вафа, цитирајќи медицински извори, соопшти дека 15 лица се убиени, а 10 други се повредени во израелски воздушен напад врз стан во областа Ал-Карама, во северозападниот дел на Појасот Газа.

Четири други лица беа убиени, а петмина беа повредени во израелски воздушен напад врз куќа во населбата Салатин во градот Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, додаде Вафа.

Уште една жртва е убиена во израелски напад со беспилотно летало врз група цивили во источната област Џабалија, во северниот дел на Газа.

Во меѓувреме, беа пријавени операции за уривање на палестински домови и згради од страна на израелската Армија во различни области на источниот дел на Газа и во Рафах, јужниот дел на Појасот Газа.

Според израелските медиуми, Владата на Бенџамин Нетанјаху вчера донела наредба за интензивирање на офанзивата во енклавата.

Повеќе од 52.500 Палестинци се убиени во Газа во бруталниот израелски напад од октомври 2023 година, повеќето од нив се жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна во енклавата.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us