Израел ја шири офанзивата во Газа, Трамп не ја исклучува воената сила за Гренланд, ТИКА помага на македонските земјоделци, уште жртви во Газа, а речиси половина од Германците бараат забрана за АфД.
Израелскиот кабинет одобри проширување на офанзивата во Газа
Израелската армија веќе почна да упатува десетици илјади повици до резервистите, со цел да ја прошири офанзивата во Газа, изјави началникот на армијата, генерал-потполковник Ејал Замир. Во видео порака објавена на X во неделата, неколку часа откако ракета лансирана од Јемен падна покрај израелскиот аеродром Бен Гурион, Нетанјаху го свика безбедносниот кабинет за да разговара за „следната фаза“ од војната во Газа.
Трамп одбива да ја исклучи употребата на воена сила против Гренланд
„Не го исклучувам тоа“, изјави тој за NBC во интервју за „Meet the Press“ што беше емитувано во недела. „Не велам дека ќе го направам тоа, но не исклучувам ништо“.„Гренланд ни е многу потребен“, рече тој, додавајќи дека данската самоуправна територија е потребна за „меѓународна безбедност“.
ТИКА обезбеди поддршка за македонските земјоделци
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбеди поддршка со опрема за оранжерии и земјоделска механизација во рамките на проектите за одржливо земјоделско производство во Северна Македонија. Опремата за стакленици и земјоделска механизација обезбедени од ТИКА за 140 семејства во Северна Македонија и за користење на 1.000 земјоделци беа доставени на церемонија што се одржа во Василево.
Уште 20 Палестинци убиени во израелските напади врз Газа
Официјалната палестинска новинска агенција Вафа, цитирајќи медицински извори, соопшти дека 15 лица се убиени, а 10 други се повредени во израелски воздушен напад врз стан во областа Ал-Карама, во северозападниот дел на Појасот Газа. Четири други лица беа убиени, а петмина беа повредени во израелски воздушен напад врз куќа во населбата Салатин во градот Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, додаде Вафа.
Речиси половина од Германците се за забрана на крајнодесничарската партија АфД
Анкетата, спроведена од Институтот за анкети „Инса“ за германскиот неделник „Билд ам Зонтаг“, покажа дека 48% од испитаниците се за забрана на АфД. Анкетата, во која се анкетирани 1.001 на 2 и 3 мај, исто така покажа дека 37% се против забраната, а 15% се неодлучни. Taa покажа и дека 61% од Германците ја сметаат АфД за „десничарска екстремистичка“ партија. За 79% од анкетираните, процената на разузнавачката агенција не ја променила нивната постоечка перцепција за партијата.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com