logo
macedonian
Дневни блиц вести 15.05.2025
01:45
Свет
Дневни блиц вести 15.05.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски

Сите очи се вперени во Истанбул каде пристигнаа руската и украинската делегација на мировни приговори, а Туркије ќе ја даде целата поддршка на мировниот процес.

Истанбул домаќин на руската и украинската делегација за мировни преговори

Руската и украинската делегација денес ќе се сретнат во Истанбул на мировни преговори, со цел да се стави крај на тековната војна, што означува обновен дипломатски напор олеснет од Туркије.

Руте: Туркије игра голема улога во мировните преговори

Шефот на НАТО, Марк Руте, ја пофали уникатната дипломатска моќ на Туркије во претстојните мировни преговори меѓу Украина и Русија и повика на единство во рамките на алијансата во услови на долготрајни спорови.

Рубио: Претседателот Трамп сака крај на војната меѓу Русија и Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сака војната меѓу Русија и Украина да заврши и се надева на напредок со двете земји во наредните денови. Трамп се очекува утре да пристигне во Истанбул доколку преговорите напредуваат.

Кошта: Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е суштинско

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Приштина изјави дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е најважната геополитичка инвестиција и посочи дека Приштина мора да ги исполни своите обврски од дијалогот со Белград. 

И за крај на денешниот блиц...

Фидан: Основните вредности на НАТО се под закана во Украина и Газа

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди дека основните вредности на НАТО се под закана во Украина и Газа. Тој на неформалниот состанок на НАТО во Анталија порача и дека сојузот покрај воени одговорности има и заеднички вредности кои мора да ги одржува.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе посетете не на macedonian.trtbalkan.com

Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us