Либералната партија освои најмногу гласови на изборите во Канада, нормализирано снабдувањето со електрична енергија во Шпанија, Макрон најавува засилен притисок врз Русија за прекин на огнот во Украина. Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е 29 април.
Либералната партија освои најмногу гласови на парламентарните изнори во Канада
Либералната партија освои најмногу гласови на вонредните парламентарни избори во Канада.Граѓаните одлучија да и дадат мандат уште четири години овој пат под водство на Марк Карни. Една од неговите главни задачи ќе бде да се справи со царините кои ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп.
Според моменталната проекција, либералите треба да имаат 161, а конзервативците 150 од вкупно 343 пратеници. Поради големината на Канада и нејзините шест временски зони, гласовите сè уште се бројат, па затоа сè уште не е познато дали Карни ќе формира мнозинска или малцинска влада.
Нормализирано снабдувањето со електрична енергија во Шпанија
Шпанскиот оператор „Ред Електрика“ денес објави дека снабдувањето со електрична енергија во таа земја е речиси целосно нормализирано.
Големи делови од Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија вчера наутро, а во Шпанија најголемите проблеми беа во железничкиот сообраќај, бидејќи стотици луѓе ја поминаа ноќта на станиците.
Израелскиот министер Бен – Гвир пречекан во Капитол со извици дека е воен злосторник
Пропалестински демонстранти се конфронтираа со израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир во американскиот Капитол во Вашингтон.
Бен Гвир како дел од неговата посета на САД во Капитол требаше да оствари средба со пратеници во Капитол, а таму се одржуваше 10-от годишен Национален ден за застапување на муслиманите на Советот на муслимански организации на САД каде се говореше за прекин на огнот во Појасот Газа.
Демонстрантите кон Бен Гвир извикуваа дека е воен злосторник.
Макрон: Западните сојузници ќе го зголемат притисокот врз Русија за прекин на огнот
Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за списанието „Париз Мач“, без да прецизира дополнителни деталиги објави плановите на западните сојузници да го зголемат притисокот врз Русија во следните осум до десет дена за да обезбедат прекин на огнот со Украина.
Макрон истакна дека ќе остане „претпазлив“ во врска со прекинот на огнот, бидејќи како што рече дел од равенката зависи од Москва“.
Според него не било во ред притисокот да се применува само врз Украина.
Администрацијата на Трамп почна истрага против Универзитетот Харвард за наводна расна дискриминација
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека започнала истраги против Универзитетот Харвард и магазинот за право „Харвард ло ривју“ (Harvard Law Review), поради наводи за расна дискриминација при изборот на уредници и објавување на научни трудови.
Според министерството за образование и министерството за здравство на САД истрагите се подигнати врз основа на информации дека расата има значајна улога во процесот на селекција на членови и статии во реномираното правно списание, што може да претставува прекршување на Законот за граѓански права од 1964 година.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com