Дресот кој Коби Брајант го носеше во дебитантската сезона се продаде за неверојатни 7 милиони долари. Со тоа стана еден од најскапите колекционерски предмети од спортската историја. Но, зошто дресовите на врвните спортисти стануваат сѐ поголем хит на акциските куќи?
Јас сум Христијан Станоевиќ, а вие ја слушате новата епизода на БалканКаст, поткастот на ТРТ Балкан.
Штоф за великани
Долго време на аукциите доминираа спортски предмети од американскиот спорт број еден - безболот. Многу фанови со години инвестираа во спортски картички кои ги содржат деталите за сите безбол играчи, а со текот на времето нивната вредност драстично се зголемува.
Така се создаде цела индустрија на тргување за картички кои чинат неколку долари во регуларна продажба, за потоа да стигнат вредност од стотици, а во некои случаи и илјадници долари.
Во последните години како што се зголемува светското богатство кое го поседуваат малкумина, така и се прошири изборот на предмети кои ќе служат за складирање на вредноста, во однос на волатилните движења на берзите и останатите хартии од вредност.
Спортските дресови, картички, медали од првенства, па дури и олимписки меморандуми, станаа новите скапоцени уметнички слики.
Замислете дневен салон на некој милијардер, каде покрај закачените дела на Пикасо, Рембрант или Моне, стои врамен дрес од Марадона, Пеле, Мухамед Али и Мајкл Џордан.
Делче од историјата на спортските икони
Модерниот спорт прерасна во нова форма на гладијаторска арена. Во врвните спортисти се вложуваат стотици милиони, а во маркетинг пазарот се вратат стотици милијарди долари.
Освен финансиската заработка која постојано се зголемува, спортот стана и нова арена за политичко и културолошко влијание.
Затоа не е големо изненадување дека спортските предмети се почесто го наоѓаат патот до полиците на ултра богатите, како вредно трофеи за престиж, слава и успех, со надеж дека достигнувањата на спортските икони ќе им се пресликаат во нивниот бизнис.
Така, освен дресот на Коби Брајант кој сруши рекорди, дресот на легендарниот безбол играч Бејб Рут од третиот натпревар од светската серија во 1932 година, беше продаден за 24,2 милиони долари.
Дресот на, веројатно најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан од финалето на НБА од 1998 година на аукција достигна цена од 10 милиони долари, а за дресот на Марадона од легендарниот Мундијал во 1986 година беа потрошени 9 милиони долари.
Тоа беше се за оваа епизода на БалканКаст, до следното слушање останете информирани и собирајте спортски картички или дресови, може ќе бидат паметна инвестиција за иднината.