logo
macedonian
Дневни блиц вести 15.04.2025
02:05
Политика
Дневни блиц вести 15.04.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска сме вторник 15 април

Премиерот Мицкоски од посетата на Емиратите очекува зајакната економска соработка, а Трамп го укина финансирањето на Харвард.

Мицкоски во ОАЕ: Очекувам да зајакне економската соработка

Премиерот Мицкоски при посетата на Емиратите се сретна нивниот претседател шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан. Тој истакна дека очекува посетата и средбите да резултираат со засилена економска соработка. 

ЕУ: Нормализација на односите Белград-Приштина и решавање на кризата во БиХ

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија во Луксембург разговараа за Западен Балкан и ја потврдија потребата од нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и надминување на политичката криза во Босна и Херцеговина.

Во Собранието на Србија ќе се гласа новата влада на Ѓуро Мацут

Српското Собрание ќе ја одржи седницата за избор на нова влада по предлог на мандатарот Ѓуро Мацут. Тој до српското законодавно тело го достави и списокот на идни министри и нивните биографии. Седницата ќе ја предводи спикерката Ана Брнабиќ.

Петмина Палестински цивили загинаа во воздушните напади на Израел врз Газа

Најмалку пет Палестинци загинаа во израелските напади насочени кон шаторите на раселените луѓе во областите ширум уништената Газа. Израелската армија ги обнови нападите врз Газа на 18 март, нарушувајќи го договорот за примирје и размена на затвореници што беше постигнат во јануари.

И за крај на денешниот блиц

Трамп замрзна 2,3 милијарди долари од фондовите на Харвард

Харвард вети дека ќе се бори против реформите што ги бара администрацијата на Трамп, која се закани дека ќе спречи финансирање од над 2 милијарди долари за да изврши притисок врз најбогатиот универзитет во државата да ги ограничи студентските протести и да ги елиминира програмите за различности.

Тоа беше се за денешните блиц вести, за повеќе посетете не на macedonian.trtbalkan.com

Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us