logo
macedonian
Дневни блиц вести 09.05.2025
02:09
02:09
Свет
Дневни блиц вести 09.05.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 9 мај

Ватикан доби нов папа Американец за првпат во историјата, а Обединетите нации не го прифаќаат израелскиот план за хуманитарна помош во Газа.

Роберт Превост ќе биде познат како Папа Лав XIV

Американскиот кардинал Роберт Превост е избран за нов папа, откако од кровот на Сикстинската капела се појави белиот чад низ оџакот. Новиот водач на Католичката црква, ќе биде познат како Лав и ќе биде 14-от понтиф кој го земал ова име. Кардиналот е првиот од САД кој е избран за црковен поглавар на католиците. 

Трамп повика на 30-дневно безусловно примирје меѓу Русија и Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на 30-дневно безусловно примирје меѓу Русија и Украина, и дека тоа на крајот мора да доведе до мировен договор. Трамп предупреди дека доколку прекинот на огнот не се почитува, САД и нивните партнери ќе воведат дополнителни санкции.

Путин: Кина и Русија заедно се борат против неонацизмот

Рускиот претседател Владимир Путин во четврток му се заблагодари на својот кинески колега Си Џинпинг за приклучувањето кон одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, додавајќи дека двете земји сега стојат заедно против неонацизмот. 

Туркије и Ирак потпишаа 11 договори за соработка во клучни сектори

Туркије и Ирак потпишаа 11 договори, меѓу кои и во информатичко-комуникациските технологии, одбранбената индустрија и високото образование, по тет-а-тет средбата меѓу претседателот Ердоган и ирачкиот премиер ал-Судани и меѓуделегацискиот состанок во Анкара.

И за крај на денешниот блиц...

ОН го отфрли израелскиот план за хуманитарната помош во Газа

Обединетите нации цврсто се спротивставија на планот на Израел за контрола на испораката на хуманитарната помош за Палестинците во Газа преку приватни американски безбедносни изведувачи бидејќи не ги почитува начелата на хуманост, непристрасност, независност и неутралност.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Кои држави имаат нуклеарно оружје?
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us